ДАРКО ПАНЧЕВ, ЕВРОПСКА ЗЛАТНА КОПАЧКА И МАКЕДОНСКИ СИН

МИРЗА ХАСАНЕФЕНДИЌ

ДАРКО ПАНЧЕВ, ЕВРОПСКА ЗЛАТНА КОПАЧКА И МАКЕДОНСКИ СИН

Постои една убаваземја на југот на Балканот која некогаш на хартија, како СР Македонија и моја татковина. Одамна е независна држава и не е повеќе на хартија моја татковина, но во моето срце е моја татковина имојата тивка љубов.

Во некои стари времиња некој кажа, малку провокативно, “Колку појужно, толку потажно”. Јас лично не се сложувам со тоа и најмногу би сакал да кажам колку појужно толку е потопло о почовечно. Луѓето се многу потопли и почовечни отколку оние ладни луѓе на Северот.

Македонија е земја каде сонцето вечно грее, каде луѓето се мили, жените се убави, музиката е прекрасна, земја каде успеваат прекрасните плодови на природата, а се раѓаат и големи спортски ѕвезди, а ова е приказна за една од тие ѕвезди која ги допре ѕвездените европски фудбалски висини.

Дарко Панчев е една од најблагородните фиданки на македонското поднебје, во него го има сето она што го краси македонското човечко битие, голема европска ѕвезда, а во истовремено едноставен и добар македонски човек.

Скопско дете, израснал и се формирал како играч во ФК Вардар, со кој ја освои првата македонска шампионска титула на СФРЈ во 1986 година, кога тоа беше една од најсилните европски лиги. Прекрасна игра и неверојатно чувство за гол, волшебно привлекуваше големи клубови кои го сакаа во своите редови. Замина во белградската “Црвена Ѕвезда” каде доживеа прекрасни моменти на слава. По неговиот “лесен” премин низ “шеснаестерецот” голманите паѓаа во очај, а мрежите се тресеа. Беше совршен играч, даваше голови со глава, со левата и десната нога, многу опасен дури и кога се движеше без топка, бидејќи грубите одбрамбени играчи знаеа дека тоа е само припрема за она што е неизбежно кога Дарко беше во прашање, а тоа е топка зад грбот на голамните.

Во 1991 година, уметноста и леснотијата со која Дарко постигнуваше голови, како да беше невистинита игра на поени на флипер и кога застана на бројот 34 (голови во сезоната) беше јасно дека е родена нова европска златна копачка.

И тогаш Дарко, почувствува за првпат во животот големи моменти на слава и горки моменти на неправда, бидејќи доделувањето на “Златната копачка” му беше ускратена заради политички причини, а не заради спортските на кои Дарко им ја посвети целата своја кариера! Навистина, оваа неправда е исправена петнаесет години подоцна во 2006 година, кога оваанаграда лично му ја врачи легендарниот Мишел Платини. Ѕвезден момент и  големо признание, но сепак мала лузна остана!

И не беше Дарко голем само на теренот, беше и остана македонски патриот и тоа од оној вид на најблагородни и најрафинирани кои со гордост држат до своите корени не правејќи политика од тоа.

Всушност, при средбата со Олимпијакос во Атина, при влезот на граничната грчка контрола, во декларацијата Панчев во рубриката националност запишал: “Македонец”, а грчките граничари не сакале тоа да го прифатат, барајќи од него да ја промени националноста или нема влез во Грција. За Дарко промената на националноста не била прашање за преговори, а и останатите играчи на Ѕвезда биле солидарни со него, со што предизвикаа “меѓународен проблем”. ФИФА морала лично да интервенира, па Дарко влегол онака како напишал, а неговиот одговор пристигнал на теренот каде ги постигнал двата победнички гола, што предизвика бран на амозитети на грчките медиуми кон него!

Со Панчев оваа година седев во неговото популарно, скопско кафуле “Деветка” и за жал дознав дека оваа фудбалска легенда во моментот е неактивна во македонскиот фудбал и дека многу мали македонски потенцијални таленти останале без прилика тој да им го пренесе своето фудбалско знаење.

За жал во моментот во македонскиот фудбал владее ситуација која не дава светла перспектива за младите фудбалери, бидејќи фудбалскиот сојуз стана една голема бирократска организација во која нема место за големите играчи од најславните деновина македонскиот фудбал. На важните места во организацијата, кои одлучуваат за иднината на фудбалот, доаѓаат луѓе според некои политички или други клучеви, а кои и дури ако играле фудбал, тоа било во клубови од локален карактер.

Се добива впечаток дека чудни времиња се пристигнати на фудбалските терени во Македонија, па оние кои до вчера беа на трибините, денес се на игралиштето, а вистинските играчи (асовите) го напуштија игралиштето и сега немо седат на трибините. Сето тоа некако изгледа како тажна слика на изгубеност на македонскиот фудбал.

Големите имиња на македонскиот фудбал, меѓу кои прв е секако и Дарко Панчев, се ставени настрана, повеќе како почесни фудбалски асови, отколку како некои кои можат со својата вистинска работа да го унапредат македонскиот фудбал.

На моето прашање зошто не размислува да отвори свое приватно фудбалско училиште, бидејќи и самото негово име волшебна привлечност, Дарко вели дека и за тоа размислувал, но дека е многу тешко да се најде голем простор во центарот на Скопје, а тој не сака да оди надвор од центарот на градот. Отсекогаш беше ѕвезда и држеше до сличен квалитет на својата игра и својата работа, па како таков останува непроменет случај!

Во разговорот Панчев нагласува дека ФС на БиХ направил одличен чекор ангажирајќи ги проверените асови Ивица Осим и Сафет Сушиќ за репрезентацијата и дека тоа довело до конкретен резултат, пласман на светското првенство. Нешто слично би требало да стори и ФС на Македонија, бидејќи само докажаните играчи кои имаат знаење, искуство и име можат многу да направат за развој на фудбалот во Македонија, а со самото тоа и пласман на државната репрезентација на наредните првенства.

Деновиве слушам дека Дарко е ангажиран да ги коментира натпреварите од светското првенство и дека тоа, во што никогаш не сум се сомневал, го прави високо стручно и професионално, и на тој начин ги приближува вистинските врдности на фудбалот до сите вистински љубители на фудбалот, и на тој начин го популаризира фудбалот како игра меѓу најмладите генерации. Неговата работа, дури и како коментатор дава голем допринос за фудбалот, многу повеќе отколку оние кои седат онаму каде не им е местото.

Особеноми е мило дека Дарко Панчев ја цени и поддржува репрезентацијата на БиХ, бидејќи отсекогаш постоела некоја тивка симпатија меѓу Македонија и БиХ, уште од оние стари екс-Ју времиња.

Затоа Дарко, ти благодарам за сè што имаш направено за европскиот, екс-Ју и македонскиот фудбал и те молам, искрено те молам, обиди се да ги напуштиш  трибините и да влеташ натеренот каде е твоето вистинско место, во име на фудбалот воопшто, а особено во име на македонскиот фудбал. Твоето враќање во фудбалските структури може да биде инспирација за многу млади за да се свртат кон здравата страна на животот, спортот кој нуди радост, дружење и натпревар.

јуни 2014 година,

Мирза Хасанефендиќ

ПС благодарам проф. Margica Mančeva за соработка

About mirzahasanefendic

Née en Bosnie-Herzégovine, dans la vile de Sarajevo, Mirza hasanefendic eu une brillante carrière d'ingénieur, journaliste, écrivain et merveilleux père de famille...
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply