МАЈКАТА – ВОЛШЕБНА БАЈКА НА ЖИВОТОТ

МИРЗА ХАСАНЕФЕНДИЌ

МАЈКАТА  –  ВОЛШЕБНА БАЈКА НА ЖИВОТОТ

Пополека, со пролетта доаѓа и” 8” март,”” денот на жената, празникот на овие мили суштества!

Жената е најубавото нешто што може  да ти се случи во животот;  таа  е  твојата мајка, сопруга, ќерка, сестра, девојка,  другар, пријател, колега ……

Сите тие имаат свое место во твоето срце, но посебно место и припаѓа на твојата мајка!

Нашите мајки се најсовршени божества, суштества во кои се собрани сите најубави нешта од едно живо битие.

Таа ти дала живот, прва те  бакнала, нахранила, прво ти подала рака кога за првпат си паднал во животот, прва …. и има премалку убаво придавки во сите светски речници за да се опишат сите нејзини  човечки убавини.

Таа најмногу и најискрено се радуваше на сите твои успеси! Кога ти беше потребно прибежиште, кога бурата и ветровите на животот , косеа сè пред себе, заканувајќи се да те здробат, таа беше таму за да ти понуди засолниште! Ти помогна да најдеш мир во кризните моменти на животот и повторно се пронајдеш.

Ти ” беше рамо за плачење” кога ти беше тешко и кога требаше да ја исфрлиш  болката од себе!

За тебе беше сè во животот, па затоа ако твојата мајка е жива, чувај ја  како капка вода на дланката, а ако е замината онаму од каде никој не се враќа, секогаш обновувајќи ги  спомените за неа.

Многу деца одат да ги посетат своите мајки ” само” за време на празниците носејќи цвеќиња и подароци, за семејството да биде заедно, празнично расположено и сè е убаво, но  за жал празничните денови посветени на нашата мајка се прекратки.

Бидејќи на мојата сакана мајка, заради далечината, не можам да ѝ однесам  цвеќе на гробот, ниту да и подарам нешто друго освен спомените, решив да и ја посветам оваа приказна, спомен и доказ дека таа сè уште живее во моето срце.

Мила мајко, ја пишувам оваа приказна додека солзи ја натопуваат хартијата, затоа што знам дека никогаш нема да  ја прочиташ.

Писмото со срце полно љубов го пишувам, а болката во душата со солзи ја бришам.

Пет години веќе на нашите скалила не одекнуваат твоите чекори, и сè е некако пусто. По скалилата одекнуваат  чекорите на некои нови луѓе, а оние, твоите ги нема и нема …… и повеќе ги нема.

А како само се радував некогаш одамна на  звукот на твоите чекори. Ги препознавав уште од приземјето и очекував  да заѕвониш онака само како што ние знаевме , двапати кратко и еднаш долго.

Секогаш ни говореше, никогаш да не отвораме на  непознати луѓе кои  ѕвонат на вратата. Не бранеше и кога не беше дома!

А кога ѕвончето на вратата ќе ја огласеше нашата мала тајна, вратата се отвараше.  Во мојот свет влегуваше  радост. Твоите бакнеж и прегратка  беа најубавиот дел од денот!

Пораснавме и отидовме на училиште. Училиштата организираа екскурзии.  Стануваше рано и тивко за да не нè разбудиш и одеше во пекарницата за да купиш  топли кифли  за да ни направиш сендвичи и колачи.

Можеа да се купат и колачи во самопослугата, а тоа ќе беше и многу полесно за тебе, но тие беа студени и завиткани во пластична амбалажа и наменети за непознат купувач. Твоите колачи беа топли, завиткани во топлината на твојата љубов за нас, и  наменети за твоето дете.

Растевме и во нашите животи започнаа да влегуваат некои нови  луѓе, со кои започнувавме нова фаза во животот.

Беше среќна, иако длабоко во себе знаеше дека ние повеќе не сме твоите деца, дека веќе сме мажи и жени на некои за тебе драги луѓе и дека отсега треба да се сподели нашата љубов со нив.

Твоите  чекори стануваа сè потешки и потешки, а нашите чекори сè подалечни, бидејќи  започнувавме да живееме во некои други делови на градот. На нашите скалила сè  помалку се слушаа нашите чекори, затоа што сè повеќе одевме во светот на нашите обврски.

Темпото на животот убиваше, а нашите чекори по нашата скалила ги замени ѕвонењето на нашите телефонски повици. Директна комуникација, но сепак далечна! Тоа е нешто, но не е вистинското ! Ти, тоа го разбираше и не се лутеше.

И тогаш еден ден, ние станавме татковци и мајки, а ти се радуваше на своите внуци. Како повторно да оживеа, а твојата седа коса беше повторно лелеава од среќа.

Нашите чекори одново започна да одѕвонуваат на нашите скалила измешани со меките едвај чујни детски чекори, на кои ти, толку многу им се радуваше, онака како што јас некогаш се радував на твоите чекори.

Спомените навираат, солзите течат, а раката трепери, и имам уште толку сила за да  го напишам ова:” КОГА ВО ЖИВОТОТ НЕШТО ДОБРО ЌЕ СТОРЕВ, ТОА БЕШЕ  ЗАТОА ШТО ТИ ТАКА МЕ НАУЧИ. БЕСКРАЈНО ТИ БЛАГОДАРАМ МАЈКО МИЛА, ЗА СЀ ШТО СИ СТОРИЛА ЗА МЕНЕ!”

Ова беше мојата приказна, и мислам дека повеќето од оние кои ќе ја  прочитаат  имаат слични сеќавања за нивните мајки.

Март, 2013 година од Мирза Хасанефендиќ

About mirzahasanefendic

Née en Bosnie-Herzégovine, dans la vile de Sarajevo, Mirza hasanefendic eu une brillante carrière d'ingénieur, journaliste, écrivain et merveilleux père de famille...
This entry was posted in Uncategorized. Bookmark the permalink.

Leave a Reply